„Кралот“ Куртоа: Каде оди Азар, таму и јас

889

Маурицио Сари вчера беше именуван за нов менаџер на Челси, веднаш потпиша беше потпишан и Жоргињо од Наполи, но еуфоријата кај навивачите на лондонскиот клуб стивна откако двајца клучни играчи го најавија своето заминување од „Стемфорд бриџ“. Прв тоа го стори Еден Азар, кој јавно изјави дека му е потребен нов предизвик во кариерата, посочувајќи дека „сите знаат како тој сака да замине“.

Реал Мадрид е тимот што Азар сака да го засили како замена за Кристијано Роналдо, а како што стојат работите истото ќе го стори и Тибо Куртоа. Белгискиот голман исто така е поврзуван со Реал бидејќи неговите деца останаа да живеат во Мадрид уште од времето кога тој настапуваше за Атлетико, па Куртоа планира да го искористи фактот дека има 12 месеци од актуелниот договор за да го принуди Челси да го продаде.