Кралски модни трикови кои ги научивме од Кејт Мидлтон и Меган Маркл

892

Војвотките Меган Маркл и Кејт Мидлтон често нè воодушевуваат со својот избор на дневни комбинации.

Тоа што секогаш восхитува е нивниот беспрекорен изглед во секој момент, па дури и после многу часови поминати на нога и без прилика за дополнително дотерување.

Како го постигнуваат тоа и кои се нивните мали стилски трикови, прочитајте во продолжение.

Со ташната го покриваат деколтето

Принцезата Дајана прва го започнала овој мал, но и многу паметен трик. Секојпат кога носела тоалета со малку подлабок израз на градите, принцезата пред излегување од автомобилот, ги криела градите на средината со ташната.

Купуваат еден број поголеми чевли

За да постигнат максимална удобност, членките на кралското семејство воглавно купуваат еден број поголеми чевли, а во нив ставаат посебни влошки.

Под шеширите носат „невидливи шноли“

Во случај на ветер, шеширот за да остане на главата, овие дами носат мали шноли, прикачени за шеширот и вметнати во косата, за во ниеден момент да не останат без овој важен моден додаток.

Со проѕирни мрежи ги осигуруваат пунџите

Уште еден досетлив трик, со кој се борат против ветерот. Кејт Мидлтон го превземала овој додаток уште на самиот почеток, а го користи и војвотката од Сасекс, Меган Маркл.

Носат „тегови“ на тоалетите

Ова е трик кој ги осигурува од непријатни ситуации предизвикани од ветерот. Мали „тегови“ се поставени на дното на тоалетата и тие ја одржуваат формата на тоалетата во секој момент.

Носат боди наместо маица или поткошула

Иако нам ни изгледа дека носат нормални маици или поткошули, почесто носат боди, за кое се сигурни дека нема да им излезе од тоалетата или од панталоните.