Кралски вкус: Комбинацијата од чоколадо и урми ќе ве фасцинира

898

Уживајте во неодоливиот вкус што го нуди непогрешливата комбинација од чоколадо, јаткасти плодови и урми.

Потребни состојки:

За кората

  • 2,5 шолји бадеми
  • 15 урми
  • 2 лажици какао во прав
  • прстофат сол

За чоколадниот фил

  • 2,5 шолји индиски ореви (покиснати 4-8 часа)
  • ½ шолја вода
  • ½ шолја стопено кокосово масло
  • 5 лажици мед
  • 5 урми
  • 2 лажици какао во прав
  • прстофат сол
Начин на подготовка:
  • Измешајте ги сите состојки со помош на блендер, сè додека не добиете компактна смеса.
  • Ставете ја смесата во тепсија за колачи, претходно обложена со хартија за печење.
  • За подготовка на чоколадниот фил, ставете ги индиските ореви, водата, кокосовото масло и медот во блендер и мешајте додека не добиете соединета смеса.
  • Додајте ги и останатите состојки и мешајте уште неколку секунди, па прелијте го филот врз корите.
  • Оставете го колачот да стои во фрижидер најмалку шест часа (пожелно е и подолго) пред да го послужите.
  • Украсете го со листови од бадеми.