Кристијано Роналдо отсекогаш бил фудбалска фигура за кого сите се заинтересирани, па дури и кога треба да му се честита роденден.
Тој вчера го прослави 33 роденден, а можеби помалку изненадувачки, не доби потсетување и честитка за роденденот од својот поранешен клуб Реал Мадрид.
Португалецот доби честитки за роденденот од сите негови поранешни клубови, Спортинг, Манчестер Јунајтед, од сегашниот Јувентус, но не и од Реал Мадрид, клуб во кој несомнено ги оствари најголемите европски резултати.
Во Јувентус иако доаѓа како ветеран, сепак тој и понатаму останува еден од најважните играчи во европски рамки, но изненадувачки е тоа што Реал навистина не се присети на неговиот роденден, или не сакаше намерно да му испрати еден мал гест.