Кривична пријава за скопјанец во чиј дом е пронајден хероин

1742

Скопјанец заработи кривична пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотички дроги и психотропни супстанции.

Полицијата денеска соопшти дека кривичната пријава е поднесена против 34-годишниот Ќ.А. Во неговиот дом при претрес на полицијата извршен во петокот пронајдени се четири полиетиленски пакувања со наркотична дрога хероин со вкупна маса од 186,84 грама хероин, една дигитална вага со остатоци од хероин и една сим картичка со остатоци од хероин.