Крвава ноќ во Атланта: Сè започнало со вооружена престрелка во салон за масажа, а продолжило на улица! Осуммина убиени!

539

Најмалку 8 лица се убиени, а едно е рането во вторникот во три престрелки во американската држава Џорџија, соопштиле властите.

Двете пукања се случие во два салони за масажа во градот Атланта, а едно во предградието на тој град, пренесуваат американските медиуми.

21-годишен маж е осомничен и е однесен во притвор, навела полицијата.

Нападите почнале околу 17 часот по локално време, кога биле застрелани пет лица во салон за масажа, на околу 50 километри од Атланта, според „АП“.

Како што додава „CNN“, две лица се прогласени за мртви на лице место, а три се префрлени во болница, каде две починале, рекол портпаролот на канцеларијата на шерифот во округот Чероки, Џеј Бејкер.

Потоа следеле уште две престрелки.

Полицијата во Атланта соопштила дека реагирала на повикот дека е во тек кражба во еден салон за масажа, каде затекнала три тела.

Додека била во тој салон, полицијата примила повик дека дошло до уште една престрелка во центар за масажа, кој се наоѓа од спротива на првиот салон. Таму затекнале уште едно тело, навел шефот на полицијата во Атланта, Родни Брајант.

Тој додал дека четири жени биле жртви и дека станува збор за Азијки и истакнал дека уште е рано да се зборува за нивната поврзаност со овие центри за масажа.