Крвните згрутчувања можат да бидат опасни: Забрзана работа на срцето, болки, отежнато дишење

637

Доколку ги препознаете овие состојби во вашето тело тогаш треба да се обратите кај доктор.

Крвните згрутчувања се всушност мали количини крв кои од течна состојба преминале во состојба слична на гел.

Можат да бидат опасни доколку стигнат во крвотокот и така да дојдат до срцето или пак белите дробови.

Симптомите на ваквата состојба се разни, но доколку препознаете некои од нив, треба да се консултирате со доктор.

Тахикардија

Доколку имате крвни грутки на белите дробови можеби ќе почувствувате притисок во белите дробови. Во таквиот случај тахикардијата можеби е предизвикана од ниското количество на кислород во вашите бели дробови.

Краток здив

Доколку одеднаш почувствувате дека тешко ви е да длабоко да вдишете и издишете, тоа може да биде симптом на крвни грутки во белите дробови.

Сува кашлица

Доколку понекогаш имате неочекуван напад на сува кашлица, како и отежнато дишење, зголемено отчукување на срцето и болки, тоа може да значи дека имате крвни грутки во белите дробови.

Болка по вдишување

Доколку почувствувате болка во градите кога длабоко дишете, тоа може да биде симптом на белодробна емболија. Болката во градите вообичаено е остра, па најдобро е да се консултирате со доктор.

Црвени точки на кожата

Црвените или пак темни точки на вашата кожа кои без причина се појавуваат можат да бидат симптом на крвни грутки.

Болка при одење

Иако вообичаено потребно е да имате неколку симптоми за дијагноза на крвни згрутчувања, непогрешлив знак за тоа е и доколку имате болка кога одите.