Погодени од вонредната состојба поради коронавирусот сме сите, но мерките за работа попуштија кога се во прашање салоните за разубавување, а таму сега има навала, но со чекање ред кој ќе има среќа да закаже термин бидејќи бројот на клиенти за работа истовремено е ограничен, а задолжителна е и дистанца.
Припадничките на понежниот пол по долго домашно карантински поминато време, едвај чекаат да средуваат коса, нокти,лице…

ФОТО:ЛИЛА ФИЛИПОВСКА/ИНСАТГРАМ
Први од клиентките се познатите Македонки кои ја имаат привилегијата да закажат термин и секако да бидат истретирани по желба.

ФОТО:МИА КОСТОВА/ИНСАТГРАМ
Лила Филиповска, Елена Петреска, Тамара Тодевска, Миа Костова, Елена Велевска и други седнаа меѓу првите да се средуваат.

ФОТО:ТАМАРА ТОДЕВСКА/ИНСАТГРАМ
Најчесто имаа потреба од фарбање и фенирање, а пак Елена Велевска депилираше влакна во носот и веројатно уште некој третман.

ФОТО:ЕЛЕНА ВЕЛЕВСКА/ИНСАТГРАМ
-Почна со работа и нормално прва дојдов. Препораките се испочитувани,девојките се расположени, а јас сум исфарбана и исфенирана – напиша Лила во описот на неколкуте „стори“ фотографии кои ги објави на својот профил на Инсатграм.

ФОТО:ЛИЛА ФИЛИПОВСКА/ИНСАТГРАМ
Телефоните во рака и овој историски момент мораше да се овековечи!

ФОТО:ЕЛЕНА ПЕТРЕСКА./ИНСАТГРАМ