Три полициски возила се паркирани утрово пред влезовите на куќата на Сашо Мијалков на Водно. По вчерашната информација дека полицијата не може да го најде Мијалков за да му го врачи решението на Кривичниот суд за домашен притвор, полицијата е во потрага по Мијалков. Неофицијално распишана е и потерница по Мијалков. Од МВР велат дека се преземаат мерки и активности за негово пронаоѓање.