Куновска: Пет мажи и една жена, толку од приказната на СДСМ за еднаква застапеност на половите

597

Поранешната пратеничка на СДСМ Софија Куновска преку социјалните мрежи го искоментира изборот на СДСМ за носителите на пратеничките листи на партијата.

-Од носители на листи во коалицијата на СДСМ, 5 мажи и 1 жена. Толку од приказната за еднаква застапеност на половите, пишува Куновска на Фејсбук.

Пред само неколку дена, на 8-ми март Денот на жената, Зоран Заев на заедничка прес-конференција со Радмила Шекеринска истакна дека како партија се силно посветени на политики на целосна родова еднаквост.