Курц: Европската перспектива на Западен Балкан во фокус на претседателството на Австрија со ЕУ

847

Канцеларот на Австрија, Себастијан Курц денеска во Виена организираше работен појадок со премиерите на земјите од Западен Балкан, на кој присуствуваа и двајцата еврокомесари, Марија Габриел и Јоханес Хан.

На појадокот се разговараше за европската перспектива и регионалната соработка, а двјацата еврокомесари заедно со канцеларот Курц, изразија заедничка посветеност.

Европската перспектива на Западен Балкан, како што беше истакнато, е во фокус на претседателството на Австрија со ЕУ и австрискиот канцелар Курц ги претстави плановите за остатокот од австриското претседателство со ЕУ.

Тој потсети на напорите на овие земји да им се помогне во решавањето на билатералните прашања и поттикна понатамошен напредок за постигнување на европските процеси.

Курц повика на продолжување на дијалогот и истакна дека без договор нема влез во ЕУ, но, исто така, истакна дека ставот на Австрија и поголемиот дел од ЕУ е дека мора да ги поддржи сите решенија кои произлегуваат од дијалогот.