Квентин Тарантино во шестата деценија ќе стане татко: Чека дете со 21 година помладата пејачка

970

Популарниот режисер и пејачката се венчале во 2018-та година на интимна церемонија во Лос Анџелес.

Еден од најпознатите режисери на светот Квентин Тарантино (56) објавил дека го чека првото дете со својата 21 години помлада сопруга, израелската пејачка и манекенка Даниела Пик.

Убавата вест за Тарантино потврдена беше и во медиумите.

„Даниела и Квентин Тарантино многу се возбудени и сакаат да споделат со јавноста дека чекаат бебе“ – стои во официјалното соопштување на парот за списанието „People“.

Да ве потсетиме дека режисерот ја запознал Даниела во 2009-та година на промоција на филмот „Inglorious Basterds“. Парот се верил во 2017-та година по една година забавување, а по тој повод направиле голема забава на која присуствувале голем број познати луѓе.

Судбоносното “да“ го изговориле на интимната церемонија во Лос Анџелес во ноемви 2018-та , пишуваат од „People“. За режисерот ова е прв брак.