Лазаров доби позитивен тест на коронавирусот на 17 ноември, па поради тоа го пропушти мечот со Целје во Лигата на шампиони, а отсуствуваше и од дуелот против Сесон во францускиот шампионат.
Лазаров сега се врати на тренинзи, па ќе има доволно време да се подготви за следниот меч на Нант, кој е закажан за 6 декември против Данкерк.