Али Ахмети, претседателот на ДУИ последниве денови води вистинска кампања за тоа дека дошло времето Македонија да има Албанец за премиер. МКД.мк дознава дека единствен кандидат за таа функција на ДУИ ќе биде Лазим Дестани, сопственикот на „Еколог“, компанија која главно работи во странство, а во Македонија е присутна со бројни хуманитарни акции.
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети денеска точно напладне ќе и се обрати за предогот Албанец премиер на Македонија.
„Дозволете заеднички да ја дефинираме нашата следна цел – на следните избори заеднички да избереме ценета, докажана и прифатлива личност за ПРВ АЛБАНСКИ ПРЕМИЕР“. напиша Ахмети во свој статус пред неколку дена по повод 18-годишнината од основањето на партијата.