Најголемата ѕвезда на Њу Орлеанс, Ентони Дејвис од следната сезона се сели во ЛА Лејкерс во замена за тројца кошаркари кои ќе одат во спротивен правец, Лонзо Бол, Брендон Инграм и Џош Харт и дури три пика од првата рунда.
Па, Леброн Џејмс конечно доби втора ѕвезда во Лејкерси, па нема да зависи од престојните потези на ѕвездите како Каваи Леонард и Кајри Ирвинг на слободниот пазар. ЛА Лејкерс сега, преку ноќ станаа и кандидати за титула.
„ЕД доаѓа! Одиме брате! Ова е само почеток…“ – напиша Леброн Џејмс на својот Инстаграм профил заедно со фотографија од него и Дејвис во дресот на Лејкерс.