Актерот Силвестер Сталоне објави неверојатна снимка на својот Инстаграм профил.
Тој ги собрал сите големи акциони ѕвезди на Холивуд и направил селфи видео кое за кратко време го „сруши“ интернетот.
„Екипа како ниедна друга. Ми недостасуваат овие момци“, стои во објавата на славниот актер која собрала речиси 4 милиони прегледи и 12.000 коментари.
„Легенда до легенда“, „Буквално најдоброто селфи видео во историјата“, „Многу легендарни актери на една објава, без конкуренција“, „Момци, одлично изгледате“, гласат дел од коментарите под објавата.
„Погледнете ја оваа група, најголемото селфи на светот“, вели Сталоне на снимката.
Во видеото покрај Силвестер се и неговите славни колеги Арнолд Шварценегер, Мел Гибсон, Џејсон Стејтам, Весли Снајпс, Харисон Форд, Антонио Бандерас, Долф Лундгрен и други. Навистина неверојатна екипа и сите акциони херои на едно место, а по количината на мускули, шарм и слава, ретко кој може да парира на ова навистина најголемо видео селфи на светот.