Во Холивуд се шушка дека Лејди Гага паднала на Купер во текот на подготовките за снимањето на филмот и дека настанала емоционална енергија која може да се види на екранот. Тој сакал автентична љубовна приказна, тврди еден пријател.
Откако заедно глумеле во филмот “Ѕвездата е родена” и во живо ја пееле песната “Shallow”, многумина почнале да зборуваат дека Купер и Гага се во врска, без разлика на тоа што тој е со Ирина Шајк, со која ја има ќерката Леа Де Сиене.
Досега молчеле за тоа, а сега пејачката проговорила за шушкањето и емотивниот настап на Оскарите.
“Најпрво сакам да кажам дека социјалните се WC-то на интернетот. Го видовте тоа што ние сакавме да го видите. Тоа е љубовна песна. Тоа е љубовна приказна и ние напорно работевме на неа”, рекла таа кај Џими Кимел.
“Ги имав рацете и очите на Тони Бенет последните три години. Тоа го правиш кога пееш љубовни песни”, се правда Гага.
Нивниот настап всушност бил идеја на Купер. Блиски пријатели тврдат дека намерно сакал да создаде поврзаност меѓу нив пред и зад камерите, но набрзо се појавиле разни претпоставки за нивната врска која резултирала со прекин на свршувачката на Лејди Гага и Кристијан Карино.
“Во Холивуд се шушка дека Лејди Гага паднала на Купер во текот на подготовките за снимањето и дека настанала емоционална енергија која може да се види и на екранот. Тој сакал автентична љубовна приказна”, тврди еден пријател.