Лени Кравиц: Таа е љубовта во неговиот живот (ФОТО)

788

За приватниот живот на Лени Кравиц, кој важи за миленик на женската популација, не се знае многу. Од бракот со актерката Лиза Бонет, кој траеше само пет години и заврши во 1993 година, ја има ќерката Зое Изабела Кравиц.

Во 1995 година, на концертот на Њу Едишн, тој ја запознал Лиза Бонет, која во тој период работела на шоуто Козби, едно од најгледаните тогашни телевизиски шоуа. Тие биле блиски пријатели околу две години пред да се вљубат еден во друг.

Кравиц поради Лиза се преселил во Њујорк, каде што се продуцирало шоуто Козби во1987 година. На 16-ти ноември 1987 година, на нејзиниот 20-ти роденден, тој и Лиза тајно направиле  венчална церемонија. Поради тоа, Кравиц, сѐ уште познат како Плавиот Ромео, се нашол на насловните на таблоидните весници. Ќерката Зое Изабела Кравиц се родила на 1-ви декември 1988 година.

По разводот со Лиза, во светските медиуми често пати се објавуваа приказни дека е во врска со познати жени. Мадона, Никол Кидман, Адриана Лима и многу други убавици беа поврзувани со неговото име, но тој никогаш не потврди дека бил во врска со било која од нив и неретко се пишуваше дека Лиза останала љубовта на неговиот живот и покрај тоа што не се заедно.

Тие и денес се појавуваат заедно на јавни настани и изјавуваат дека се најдобри пријатели кои не можат еден без друг.

Извор: Курир.мк