Леона ги претсави своите производи на стотиот по ред саем за храна во Келн

625

Парагвајскиот министер за трговија и индустрија Лиз Крамер и германскaта министерка за храна и земјоделство Јулија Кликнер го отворија љубилејниот стоти саем за прехранбена индустрија во Келн – “Ануга 2019.

Германската министерка за храна и земјоделство, им честиташе на организаторите и излагачите на Ануга за нивната 100-годишнина работа: „Ануга 100 години” е показател за потребите и очекувањата на потрошувачите – искрено ви честитам по повод ова специјална годишнина.

Од нашата земја традиционално е присутен македонскиот бренд Леона.

“Со своето присуство на вака врвни настани Леона покажува со каков квалитет располага и кои се нашите идни големи планови” вели Икица Павлоски- директор на продажба.

Саемот во Келн ќе трае до среда 09.10.2019 година.На него излагање имаа повеќе од 7400 компании од целиот свет, а се очекува да го посетат повеќе од 165 000 посетители.