Холивудскиот заводник Леонардо Дикаприо (45) со пријателите и својата девојка, аргентинската манекенка Камила Мороне (22), се одмора на островот Сент Бартс.
Дикаприо со пријателите и 23 години помладата девојка уживал на јахта, додека не ги прекинал оглас за исчезнат човек, кој во алкохолизирана состојба паднал од брод во негова близина.
Потрагата по исчезнатото лице траела околу 11 часа, а потоа со своите пријатели им се придружил и популарниот актер.

Јахтата на актерот била единствена во околината каде што исчезнал човекот, а после потрагата, непосредно пред заоѓање на сонцето, човекот е пронајден и спасен.
Да потсетиме, Камила инаку е ќерка на популарната аргентинска актерка Лусиле Соле, која е на возраст како Леонардо и е во врска со негов пријател, славниот Ал Пачино.
