Летајте без страв: Прогласени се најсигурните авиокомпании за 2019-та година

901

И додека нема ништо подобро од пронаоѓањето на евтини авионски карти, многу патници за време на изборот на лет, се обидуваат да изберат и што е можно посигурна компанија.

За нивна среќа, страницата „Airline Ratings“ објавила листа на најсигурни авиокомпании за 2019-та година, па сега и оние на кои летот не им е најпријатен, можат да ги изберат најсигурните авиони!

Австралискиот авиопревозник Qantas е најсигурен на планетата. Исто така се работи и за една од најстарите авиокомпании, така што корисниците се свесни дека можат да се потпрат на безбедноста за време на летот.

„Интересно е тоа што Qantas е водечка авиокомпанија во сите релевантни истражувања повеќе од 60 години, а уште поинтересно е тоа што уште од воведувањето на млазните авиони, немале ниту една значајна несреќа“, изјавил Џофреј Томас, од споменатата страница. Исто така додал дека има и други авиокомпании, како Hawaiiana и Finnair, чии патници исто така мирно спијат кога е сигурноста во прашање.

Во топ 20 најсигурни се пласираат и British Airways, Emirates, KLM, Lufthansa, Qatar Airways, Swiss, Virgin Atlantic…

На страницата е објавена листата и топ 10-те најсигурни „low cost“ авиопревозници, а за корисниците најважната работа е на листата да не се Ryanair, Easyjet, но од друга страна, на листата се нашле и Wizz и Vueling.