„Левандовски земаше милиони од нашата фирма за да си плати луксузен одмор со сопругата“

675

Поранешниот менаџер на Роберт Левандовски, Цезаре Кучарски кажа дека напаѓачот на Баерн Минхен му останал должен, а интервјуто го објави унгарскиот портал „Индекс“.

Менаџерот ја раскажа историјата на голгетерот на Баерн, кој во минатото се грижеше за неговата кариера.

„Во 2018 година ја прекинавме соработката. А ако ме прашате која е причината, тогаш ќе ви кажам со еден збор – пари. Во војна сме откако 10 години претходно бевме браќа. Тужбата е во тек, се надевам дека ќе ја добијам. Морам да победам затоа што фактите се очигледни. Левандовски ме отпушти и му се приклучи на Пини Захави. Но, тужбата е дека со години земаше милиони евра од заедничката фирма ‘РЛ Менаџмент’ за да финансира луксузен одмор со сопругата Ана. Бараше околу 7,5 милиони евра, а ѝ позајмив 2,5 милиони евра на неговата сопруга“, вели Кучарски.

Во септември 2020 година, Кучарски поднесе тужба против „РЛ Менаџмент“ во која од 2014 година беше партнер со Левандовски. А еден месец подоцна полскиот фудбалер поднесе контра-тужба за уцена.