Невин човек лежел во затвор цели 17 години, поради разбојништво кое не го извршил. Сведоците го опишале разбојникот како Афроамериканец или Латиноамериканец со светол тен и залижана коса. Иако имал алиби за време на злосторството Џоунс бил уапсен и осуден на 19 години затвор, бидејќи жртвата “го препознала“. Неколку пати се жалел, но судот ги одбил неговите жалби. Невиноста успеал да ја докаже преку проектот Innocence, организација која веќе 26 години се бори за правдата на погрешно осудени лица. Тие го пронашле двојникот на Џоунс, Рик Ејмос кој живеел во близина на ограбената продавница.
Како што пишува Дејли меил, затворските цимери на Џоунс го познавале Рик и цело време му говореле дека неверојатно си личат. Кога сведокот на фотографија ги видел еден покрај друг веќе не бил сигурен дека Џоунс е сторителот со што тој бил ослободен. Жртвата на грабежот повеќе не била сигурна дали Џоунс е нејзиниот напаѓач, кога ги видела фотографиите на двајцата.
Ејмос нема да одговара бидејќи делото е застарено. Сега Џоунс бара оштета од милион долари за да започне живот одново. Тој е татко на две ќерки, 19 години и 24 години, кои израснале без него.