Лице на злото: Ова е крвникот кој ги уби луѓето во Стразбур, полицијата го опколила неговиот стан

706

Најмалку три лица загинале, а 11 се ранети во терористичкиот напад кој вчера се случи во центарот на Стразбур.

Напаѓачот е идентификуван – станува збор за 29-годишниот Шериф Чекат, а неговиот стан денеска бил претресен во рамки на истрагата за грабеж кој бил извршен ова лето.

Француската полиција го опколила напаѓачот. Француските власти го подигнале нивото на безбедност на “вонредно во случај на напад”, а околу 350 полицајци и два хеликоптера и понатаму трагаат по осомничениот кој со години е радикализиран и два пати го прекршил законот, изјавил утринава министерот за внатрешни работи Кристоф Кастане, додека локалните медиуми наведуваат дека името на осомничениот е Шефир К.

Вооружениот напаѓач отворил оган во близина на божиќниот саем и се дал во бегство откако бил ранет во судир со полицијата.

Француските медиуми јавуваат дека 6 од 11 ранети лица се во критична состојба. Постои сомнеж дека напаѓачот е екстремист, но мотивот на нападот се уште не е утврден.

Париското обвинителство го карактеризира нападот во центарот на Стразбур како терористички напад.