Лидл на своите вработени во САД им нуди 200 долари за да се вакцинираат

527

Германскиот дисконтен ланец супермаркети Лидл им понуди на своите вработени во Соединетите Американски Држави кои ќе се вакцинираат против ковид-19 дополнителни 200 долари откако вакцината ќе стане достапна во сојузните држави.

Лидл ја објави таа понуда по сличните потези на своите конкуренти на американскиот пазар како Алди и Долар џенерал кор, како и компанијата за достава на намирници Инстакарт, јавува Ројтерс.

Паричниот поттик на Лидл за вакцинирање е меѓу најголемите кои досега некоја компанија им понудила на американските работници.

Компанијата соопшти дека нејзините работници покажуваат голем интерес за вакцинирање, повикувајќи се на интерна анкета во која речиси осум од 10 работници кажале дека планираат да се вакцинираат веднаш што вакцината ќе биде достапна.

Лидл ги продава своите производи во повеќе од 125 продавници низ девет држави на Источниот брег на САД.