„Лидл – шопинг мол во Скопје“: Најава за доаѓање на брендот во Македонија

1988

На Фејсбук страната Лидл Македонија, познатиот бренд на маркети повикува на наградна игра, преку која посетителите на страната може да погодуваат во точен датум, месец и година кога ќе биде отворена првата продавница во земјава.


Според специјализираниот магазин InStore, германската компанија веќе спровела тренинг за вработените, а проектот е во последната фаза. Сè уште нема официјална потврда за пристигнувањето на Лидл, но овие информации не се демантирани.
-Во моментов сме фокусирани на проширување на трговската мрежа во Естонија и Летонија , соопшти компанијата на прашање на магазинот.

Германскиот ланец за малопродажба во регионот моментно работи во Словенија, Хрватска (од 2006 година), а неодамна и во Србија, така што интересот за пазарот на Македонија не е изненадувачки.

Фактот дека Лидл наскоро би можел да дојде на овој пазар го потврдува креираната страница на Фејсбук, која ја започна нивната екипа оваа пролет.
Тие, исто така, започнаа наградна игра во која корисник на Фејсбук кој претпоставува дека е точен датум на отворање на првата продавница во земјава, ќе добие право на ваучер за бесплатна набавка во вредност од 100 евра, пишува InStore.