Лихвари го запалиле гробот на таткото на Дарко Лазиќ (ФОТО)

908

Гробот на таткото на Дарко Лазиќ, Милан Лазиќ бил запален во пожар, пренесуваат српските медиуми.

Имено мештаните на селото Брестаќ се згрозени од глетката на гробиштата каде во пожар изгоре гробот на таткото на пејачот.

Поради запалениот гроб Дарко е со денови во агонија, сведоци се мештаните на ова село велејќи дека во пожарот изгорела вештачката трева која го покривала гробот од месец декември кога и е погребан тој.

-Тој плачеше и лелекаше на цел глас кога ја виде глетката на гробиштата. Прво мислеше дека случајно бил запален гробот, но потоа селаните му укажале дека сето тоа било намерно, велат извори блиски до пејачот.

Според изворите гробот го запалиле луѓето на кого Лазиќ им должи пари.

-Тие знаеле што најмногу ќе го повреди пејачот, па го направиле овој грозоморен чин, додава изворот.

Според изворите гробот го запалиле луѓето на кого Лазиќ им должи пари.

-Тие знаеле што најмногу ќе го повреди пејачот, па го направиле овој грозоморен чин, додава изворот.