Почетна Забава Лина Пејовска накратко смени професија: Од пејачка стана новинарка во естрадниот магазин...

Лина Пејовска накратко смени професија: Од пејачка стана новинарка во естрадниот магазин „Бекстејџ“

646

Младата пејачка Лина Пејовска публиката ја запозна преку регионалите музички шоуа каде се претстави во одлично светло и ги покажа своите вокални способности.

Често на социјалните мрежи добива позитивни коментари за нејзиното пеење, а меѓу нив и Анастасија Ражнатовиќ која освен за вокалните способности знае да и поласка за нејзиниот изглед.

Пејовска во едно хрватско шоу имаше прилика да пее и со хрватската пејачка Нина Бадриќ која имаше само убави зборови за македонското девојче.

Лина Пејовска е одлична пејачка, но знаете ли каква е како водителка?

Пејачката деновиве накратко ја смени професијата, па се најде во улога на новинарка на естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Имено, таа пред камерите му правеше интервју на некогашниот македонски водител, а сега јутубер Стефан Лазаров. Пејовска го прашуваше за јутуберството, дали му се зголемила популарноста, дали комуницира со други јутубери…

Нивниот разговор може да го погледнете во видеото во продолжение.