Професорот Љубомир Фрчкоски е најсериозен кандидат за амбасадор во САД, каде Владата со години нема назначено нов амбасадор, јавува Телевизија 24.
Името на потенцијалниот кандидат за амбасадор, според процедурата, треба да помине на владина седница откако претходно ќе биде предложен од министерството за надворешни работи како предлог услогласен и со претседателот Пендаровски. Oд МНР нема конкретен одговор за ова прашање. Во периодот од 1991 до 1997 година бил министер во владата на Бранко Црвенковски. Така, до 1992 година бил министер без ресор, од 1992 до 1996 бил министер за внатрешни работи, од 1996 до 1997 година министер за надворешни работи.