Љубов во карантин: Здогледа девојка која танцува на кров, со дрон ѝ прати порака и започна романса која го освојува светот

1005

Во морето вести за коронавирусот од целиот свет, отскокнува позитивна љубовна приказна која е во зачеток. Најинтересното е што засега е овековечена во три кратки видеа.

I дел – прв контакт

Сè започна кога Џереми Коен здогледа девојка која откачено танцуваше на кровот на соседна зграда. Откако ја поздрави со мавтање, а разиграната Тори му возврати, тој ѝ испрати порака со неговиот телефонски број со помош на дрон.

„Почувствував чудна поврзаност со неа“ – изјавил тој.

Набрзо таа го контактира.

II дел – прв состанок

Џереми ја покани Тори на состанок. Но, бидејќи Бруклин е во карантин, тој организира нејзината цимерка да постави маса со романтична вечера на нивниот кров.

Џереми остана на неговиот балкон, а комуникацијата одеше преку FaceTime.

Џереми и ТориЏереми и Тори

III дел – прва средба

За првата средба, Џереми се затвори во голем проѕирен „меур“ за да ги почитува мерките за заштита од коронавирус.

View this post on Instagram

How to date a Quarantined Cutie, Part 3.

A post shared by JEREMY COHEN (@jermcohen) on