Љубовта за татко ѝ е поголема од сè: Мало девојче пожртвувано се грижи за неподвижниот татко, кој настрадал во страшна сообраќајна несреќа

1387

Тиан Хеиченг од Кина, останал парализиран во 2016-та година, после страшна сообраќајна несреќа. Таксито кое го возел, завршило во ров покрај патот.

Сопругата го напуштила брзо после несреќата, а со неа го земала и синот. Со овој несреќен човек останала само 6-годишната ќерка, која од тој ден се грижи за својот татко.

Џиа Џиа станува секое утро во шест часот и ги масира мускулите на таткаси половина час, а пред да тргне во училиште му ги мие забите и лицето.

Кога таа е во училиште, за него се грижат неговите родители, кои му подготвуваат и храна. Џиа Џиа исто така го храни татка си, му помага да се движи по куќата, туркајќи го во импровизирана справа, која сами ја направиле.

Девојчето вели дека не ѝ недостига мајката, бидејќи не сакала да се грижи за татко ѝ, но ѝ недостигал братот, со кој била многу блиска, пренесува „Daily Mail“.

Тиан на една кинеска апликација, секојдневно прикажува како ќерка му се грижи за него. Неговиот живот го следат пола милион луѓе.