Турција има определено рок до кога ќе го испорача Љупчо Палевски – Палчо во државата, но за сега, датумот го знае единствено министерот за правда Кренар Лога. Тој денеска не сакаше да открие кога Палчо ќе биде предаден на македонските органи на прогонот, но потврди дека се во постојана комуникација со турските власти.
Лога повтори дека на неговата последната посета во Турција му било кажано дека судскиот дел од постапката е завршен, а останува само административниот дел.