Лоша вест за Лидс Јунајтед: Џани ја „заврши“ сезоната

1014

Претендентот за влез во Премиерлигата, Лидс Јунајтед, излезе со соопштение за посериозна повреда кај Езѓан Алиоски, кој ќе мора да оди на операција.

Со ова буквално заврши и сезоната за македонскиот интернационалец, кој на мечот со Брентфорд заработи сериозна повреда.

Алиоски ќе биде денеска опериран и се очекува да биде надвор од комбинација околу 6 до 8 недели“, порачаа во соопштението.

Сигурно дека ова е неповолна вест за Лидс Јунајтед, бидејки популарниот Џани сезонава е еден од највиталните точки на оваа екипа, која се бори за влез во најелитното натпреварување во Англија.