Времето во Македонија ќе биде променливо облачно со услови за краткотраен дожд на Запад, и ветер.
Утринската температура ќе се движи од еден до осум, а дневната од осум до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со сончеви периоди и со умерен до повремено засилен ветер од југоисточен правец. Утринската температура ќе се спушти до осум, а дневната ќе се искачи до 17 степени. Во Маврово дневната температура ќе достигне до 8 степени, Охрид 12, Битола 14, Кавадарци 17, Крива Паланка 15, Берово 14, Дојран 18…
Вакво време ќе се задржи до вторник.