Најмладата британска лото милионерка Џејн Парк е спремна да му плати 60 илјади фунти годишно на маж кој би излегувал со неа.
Парк станала позната ширум светот откако освоила еден милион фунти на само 17 години. Таа денес има 23 години, а британските таблоиди известуваат за нејзиното трошење на тоа богатство.
Луксузни одмори, модни акцесоари, операција за зголемување на градите и бразилско подигнување на задникот се само некои од работите на кои Џејн го трошела своето богатство, а сега се надева дека ќе може да купи љубов со парите, по низа пропаднати врски.
Извор за “Mirror” вели дека таа планира да го сними целиот процес за документарен филм, кој би требало да излезе следната година.
“Џејн е одлична и има што да понуди, но повторно остана сама, а откако стана милионерка таа нема среќа во љубовта”, тврди изворот.
“Никогаш не е сигурна дали ја сакаат поради тоа што е или поради нејзината банкарска сметка, па затоа попрво би имала отворен договор”, вели изворот и додава дека таа е “спремна да ја плати вистинската сума за некој кој ќе ѝ биде верен”.
Парк била во врска со финалистот на Икс Фактор, Сем Калахан во 2016 година, но прекинале откако тој наводно ја изневерил. Потоа, Џејн била во врска со младиот фудбалер Џордан Пигот но и таа врска не траела долго.
Претходно оваа година, милионерката одбила да признае колку ѝ останало oд богатството.
“Тоа е прашање кое никој не ми го поставува, никогаш не би зборувала за цифри на телевизија или радио, но можам да кажам дека се чувствувам комфорно”, изјавила Британката за “BBC Radio Scotland”.