Лозарите остануваат на барањата за повисоки цени на грозјето

963

Лозарите од Тиквешијата остануваат на барањата за повисоки цени на грозјето и одлуката да блокираат патишта,  доколку винарите останат глуви на нивните реакции. Ова утринава го потврди за МИА Трајче Кулев, претседател на Здружението “Напредни лозари”.

– По повикот на Здружението  лозарите да дојдат и со потпис да ни дадат поддршка за протести доколку не добиеме повисоки цени, синоќа се собраа лозари кои ја поддржаа идејата за блокирање на патишта, како револт кон игнорантскиот однос на винарниците, рече Кулев.

Нагласи дека експресно реагирале државната и локалната власт, па за вечерва била закажана средба во Кавадарци, на која се очекувал и премиерот Зоран Заев.

ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СИТЕ ВЕСТИ ОД МАКЕДОНИЈА