ЛШ од 2024 ќе има 36 екипи, а Премиерлигата ќе добие – шест клуба!

499

Европската фудбалска унија (УЕФА) која повеќе од една година ги разработува реформите во Лигата на шампионите од 2024 година, а дел од тие реформи веќе излегоа во јавноста, планира на секој начин да ја урне идејата на богаташите за создавање на „европска Суперлига“, па за да им угоди на гигантите ќе ја прошири најелитната Лига на шампионите на 36 екипи, а од нив шест ќе бидат од – Премиерлигата.

Англиските медиуми дошле до нови детали за реформите во ЛШ во кои според планот од 2024 година, ќе се укине групната фаза, а секој клуб по швајцарски систем ќе одигра по десет мечеви, по што најдобрите осум ќе играат директно во осминафиналето, додека тимовите според учинокот од девето до 24 место ќе имаат плејоф за пласман во осминафиналето.

На овој начи би се направила многу повозбудлива ЛШ, во која гигантите би имале загарантирани мечеви меѓусебе, најдобрите би добиле место во осминафиналето, останатите би се бореле низ една пред-елиминациска фаза за пласман, а потоа би следувала завршната битка за трофејот.

Но, според најавите од Англија, практично пласманот во ЛШ би бил загарантиран за најдобрата шесторка, двата клуба од Манчестер, Ливерпул, Арсенал, Челси и Тотнем, освен ако некој друг клуб од англиската елита не се најде меѓу првите четири, па да истисне некој од клубовите. На овој начин, ЛШ практично би се затворила уште повеќе, што би било гаранција дека најголемите фудбалски брендови редовно ќе играат во елитното натпреварување, кое би носело уште поголема заработувачка на УЕФА, најмногу и поради повеќето мечеви за продажба на ТВ-правата, а сето тоа би обезбедило уште поголеми заработки за клубовите од настапите во сезоната.

Многумина би се запрашале зошто Премиерлигата би била меѓу првите шест, а практично одлуката од е четирите нови места, две да бидат загарантирани за клубови со највисок коефициент, кои преку домашните лиги не би биле во групата на сигурни учесници. Бидејќи шесте англиски премиерлигаши се во првите 15 екипи на УЕФА рангирањето, практично многу извесно е дека би имале загарантирано место, особено што останатите девет од четирите земји со по четири претставници ги даваат останатите девет клубови со најдобар коефициент.

Во ЛШ, Германија, Англија, Италија и Шпанија имаат по четири загарантирани места во групната фаза. Од Англија, која е една од неколкуте земји со два купа, победникот на ФА-купот би добил место во Лига Европа, додека победникот во Карабао-купот во новоформираната Конференциска лига.

Наводно на конгресот на УЕФА во април догодина ќе биде ставена на дневен ред комплетната реформа во европските купови по 2024 година, а УЕФА повеќе од една година е во разговори за да се утврдат сите детали со Европската клупска асоцијација (ЕКА).