Лудило: Ѕвезда од Мото ГП ќе се жени со својата полусестра после 11 години тајна врска

577

Португалската ѕвезда во Мото ГП, Мигел Оливеира се свршил и догодина ќе се ожени со својата полусестра Андреа Пимента, со која биле во тајна врска цели 11 години.

Мигел и Андреа се познаваат од својата 13-та година, а повеќе од една деценија биле во тајна врска. Андреа е ќерка на втората сопруга на таткото на Мигел, но тоа не е пречка за да стапат во брак.

Во план им било годинава да стапнат на лудиот камен, ама пандемијата со коронавирус тоа го одложило.

„Пред љубовта имавме големо пријателство, заедно пораснавме, ама во еден момент сфативме дека имаме нешто многу повеќе од чисто пријателство. Тоа беше многу силна љубов“, открил Оливеира.

Португалецот во минатиот месец стигна до првата понеда во мотоциклизам, а моментно е деветопласиран во генералниот пласман. Неговиот татко му даде благослов за љубовта со својата полусестра.

„Среќен сум што мојот син ќе се венча со љубовта на својот живот“, рекол Пабло Оливеира.