Луѓе-риби живеат меѓу нас: Чудно племе може да издржи под вода 13 минути поради ретка генетска мутација

809

Племето Баџао живее во југоисточна Азија е необично по тоа што може да нурка до 70 метри и да остане под вода дури 13 минути.

Овие “суперлуѓе” имаат неверојатни способности, а истражувањата објаснуваат дека едноставно се генетски прилагодени за пливање под вода.

Научниците велат дека Баџао луѓето имаат многу големи органи, што е резултат на генетски мутации, кои им овоможуваат долго време да останат под вода. На пример, слезината им е 50 проценти поголема отколку кај обичните луѓе.

Живеат во неколку заедници ширум Индонезија, Малезија и Филипините, а еволуирале за да преживеат под вода. Живеат во куќи на вода, а некои експерти ги нарекуваат “странци на земја”.

Нивната слезина, покрај останатите функции, складира и црвени крвни клетки. Научниците откриле дека на големината на слезината кај Баџао племето влијае и типот на ген наречен “PDE10A”: имено, луѓето со една копија на мутираниот ген имаат многу поголеми слезини од нормални луѓе, а лицата со две копии на мутирани гени имаат уште поголеми слезини.

“Веруваме дека луѓето од племето Баџао имаат зголемена слезина. Кај глувците е докажано дека зголемување на нивото на хормонот тиреотрпин е поврзано со растот на слезината”, вели Мелиса Иладро, научничка од Универзитетот во Кембриџ.