Луѓето скокале од авионот: Неверојатни сцени од спасувањето на екипажот и 170 патници кои скокале од запалениот руски авион

1206

Вознемирувачките снимки го прикажуваат авионот во пламен, а некои патници морале да скокаат од леталото.

Повеќе од 170 патници и членови на екипажот на комерцијалниот лет од Москва кон Сочи успеале да побегнат од авионот откако паднал во река и се запалил.

Спасувачките екипи успеале да ги евакуираат патниците и екипажот на “Boeing 737”, а луѓето биле принудени да скокаат на крилата на авионот и да ги фрлаат своите деца од авионот за да им ги спасат животите.

Сите 170 луѓе успеале да побегнат од леталото кај летувалиштето Сочи. Еден вработен на аеродромот, кој им помагал на спасувачите, починал од срцев удар и тоа на самото место.

Авионот имал два обиди за слетување, но силниот ветер и дождот му ја отежнувале работата. Екипажот успеал да го приземји авионот, но тој ја прелетал пистата и ја урнал оградата, па паднал директно во реката, при што се запалил.

Руските власти рекле дека 18 луѓе биле повредени при евакуацијата. Најмалку четири лица имаат изгореници, додека други имаат повреди на рбетот, па сите се хоспитализирани.

Вознемирувачките снимки го прикажуваат авионот во пламен, а некои патници морале да скокаат од леталото.

Од државната новинска агенција “TASS” велат дека едно крило ја закачило земјата, откако авионот слетал по лошото време.

“Авионот се обиде да слета неколку пати, но безуспешно”, рекол еден пар кој бил во авионот.

“Седевме веднаш до излезот. Се се случи многу брзо”, рекол друг патник.

“Надвор имаше дожд и грмеше, а луѓето скокаа од пет-шест метри за да се спасат”, рекла една патничка.

Министерот за здравство во Сочи рекол дека 18 лица биле повредени, меѓу кои и три деца, но дека смртни случаи нема.

Според извештајот, авионот од Москва летал во грозни услови.

Откако авионот се запалил, пожарникарите го изгасиле пожарот и ги евакуирале луѓето. Во тек е истрага по повод овој случај.