Луј Витон почнува со производство на средства за дезинфекција-цената можете да ја замислите самите

635

Компанијата Луј Витон ќе започне да произведува средства за дезинфекција на рацете, бидејќи во Франција нема доволна количества, а на властите ќе им биде доставена бесплатно.

Во соопштението на компанијата се истакнува дека за тоа ќе биде користена производната линија на парфеми и козметика.

Производството на средствата за дезинфекција ќе започне денеска и ќе трае се додека здравствените власти во Франција сметаат дека е потребно.

Во Франција досега се починати 120 лица од коронавирусот, а властите во борба со епидемијата ги затворија рестораните, кафулињата и сите продавници што не продаваат основни животни продукти.

Француските власти, исто така, апелира до сите производители да помогнат во производството на средства клучни во борбата со коронавирусот, што недостасуваат во Франција.

Инаку низ светот на големо се коментира цената од брендот која се уште ја кријат… а можете само да претпоставите која би била таа.