Почетна Македонија Лукаревска без одговор на прашањето за изградените 230 километри автопати (ВИДЕО)

Лукаревска без одговор на прашањето за изградените 230 километри автопати (ВИДЕО)

943

Во синоќешното издание на дебатната емисија на „Телевизија 24” гостуваше потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носителот на ИЕ2 на претстојните парламентарни избори, Владо Мисајловски. Тој ги праша Лукаревска и Адеми кои се 230 километри изградени автопатишта, бидејќи изборната кампања се темели на такво тврдење. Лукаревска и Адеми го избегнаа одговорот на тоа прашање.

“Ве молам наведете ми каде се изградени тие 230 километри автопат? Одговорете ми обајцата, бидејќи и едниот и другиот сте во владата. Нема такво нешто, затоа молчите. Такво нешто не постои и затоа не го залажувајте народот. Ништо од тоа не е ниту започнато, ниту изградено”, вели Мисајловски.