Луксуз, јахти, скапи автомобили: Секој трет жител е милионер, а стапката на сиромаштија е нула

818

Втората најмала држава на светот, Монако е меѓу најгусто населените земји на светот со своите 38,300 жители, но исто така е и дом на дури 12,261 милионери.

Оваа бројка за само пет години скокнала за 12%, па сега секој трет жител на Монако на својата сметка има барем најмалку еден милион долари, пренесува “Business Insider”.

Стапката на сиромаштија во Монако изнесува нула, а БДП по глава на жител изнесува 165,420 долари.

Всушност, Монако е една од само четирите земји ширум светот чиј што БДП по глава на жител надминува 100 илјади долари. На прво место е Лихтенштајн со 166,021 долари (но оваа земја иако е мала, сепак има 80 пати поголема површина од Монако), на второ место е Монако, а потоа следуваат Луксембург и Бермуда.

Од вкупниот број на жители, дури 75% се доселеници, односно постојани жители на оваа држава кои што се родени во некоја друга држава. Монако е домот на една од најскапите улици на светот, авенијата Принцеза Грејс која го добила името по некогашната принцеза на Монако.

Освен што станува збор за прескап град-држава, Монако исто така е и меѓу најбезбедните места на светот. Во Монако има по еден полицаец на 100 жители и градот е покриен со 24-часовен видео надзор.