Луксузна туристичка компанија ги открива најчудните барања од своите богати клиенти

745

Луѓето кои се супер богати сметаат дека можат со парите да си дозволат сè што ќе посакаат, дури и кога нема реални услови за тоа што го замислиле.

Кога се одморите и патувањата во прашање, екстравагантноста станува сè поприсутна, а туристичките компании се обидуваат да излезат на крај со сè почудните и побизарните барања на клиентите.

Нивните барања се многу повеќе од поглед на море, од хотелска соба со поглед кон панорамата на градот, од добро зготвен стек или вино на вистинска температура.

Сервисот „Stay One Degree“ е нешто на сличните Booking или AirBNB, но за многу поскапи сместувачки капацитети.

Според нивните податоци, најчудни барања кои ги добиле при резервации на богати клиенти се:

1. Внатрешен аквариум со ајкули во сместувањето

luksuzna-turistichka-kompanija-gi-otkriva-najchudnite-baranja-od-svoite-bogati-klienti-02.jpg

2. Панична соба во главната спална соба или директно поврзана со неа

3. Хелидром во дворот на имотот

luksuzna-turistichka-kompanija-gi-otkriva-najchudnite-baranja-od-svoite-bogati-klienti-03.jpg

4. Уметник кој ќе го слика одморот на семејството

5. Полна визба со вино бордо старо 30 години и виски старо 50 години

luksuzna-turistichka-kompanija-gi-otkriva-najchudnite-baranja-od-svoite-bogati-klienti-04.jpg

6. Непробојни стакла на прозорците во сите соби од имотот

7. Приватен пристап до плажа и приватна плажа

luksuzna-turistichka-kompanija-gi-otkriva-najchudnite-baranja-od-svoite-bogati-klienti-05.jpg

8. Ќуќа на дрво во градината за децата, снабдена со струја, вода и домашно кино

9. Персонализирани гардероби и стилисти за секој член од семејството

10. Приватна зоолошка градина со егзотични животни

luksuzna-turistichka-kompanija-gi-otkriva-najchudnite-baranja-od-svoite-bogati-klienti-06.jpg