Мадридска „Марка“ без милост кон главниот виновник: Ова му е најлош натпревар во кариерата

857

Откако Барселона во драматичен меч на „Енфилд“ останаа без финале во Лигата на шампионите, дојде време да се најдат главните виновници за неуспехот.

Иако најголемиот дел од играчите на каталонскиот тим одиграа под своето ниво, пред се Ракитиќ, Бускетс и Ленгле, мадридска „Марка“ на „пик“ го зеде Жорди Алба, кој според многумина е најдобриот или барем најконстантниот лев бек на светот.

„Марка“ пишува дека Алба е главен виновник за дебаклот на Барселона, поради неговите две клучни грешки од кои произлегоа два гола на Ливерпул.

Алба, кој има фантастична сезона зад себе, најпрво во седмата минута лошо со глава ја изби топката и таа дојде до Садио Мане кој ја проследи до Хендерсон, а на крајот Ориги постигна гол за 1:0.

Потоа во 54. минута повторно беше виновник за голот кога ја загуби топката од Александер Арнолд кој потоа помина крај него и го проигра Вајналдум кој постигна гол за 2:0.