Маестрална изведба на бенд од Кореја: Ја испеаја „Молитва“ од Марија Шерифовиќ, а пејачката имаше порака за нив

852

Марија Шерифовиќ со песната „Молитва“ беше заслужна за единствената победа што соседна Србија ја однесе дома на изборот за песна на Евровизија во 2007 година, и токму од тогаш пејачката стана препознатлива во цела Европа и пошироко.

Бенд од Кореја настапи со евровизиската песна на Шерифовиќ – „Молитва“ во корејското музичко шоу „Phantom Singer“ и веднаш ја освои публиката.

Нивната изведба беше неверојатна. Сите останаа воодушевени, од начинот на интерпретација, но и од чистиот изговор на српските зборови од песната, а најмалку штедеше комплименти токму Марија.

Секој член на бендот е многу талентиран и има прекрасен вокал. Песната убаво ја научиле, во свој стил. Кога ги сплотија гласовите, сите останаа без зборови.

По нивниот настап се огласи и евровизиската победничка, а еве што имаше да им порача:

-Драги колеги, ви честитам од длабочината на срцето. Ова е најдобрата верзија на „Молитва“ која некогаш сум ја слушнала. Ви посакувам сè најдобро во понатамошната кариера и во натпреварувањето. Се гледаме наскоро“, напиша српската пејачка.

УЖИВАЈТЕ!