Маестро Џамбазов – сениор конечно ја запозна „снашката“: Се знае ли сега „кој ќе пее по ноти“, а кому ќе му „планинарат по… живци“? (ФОТО)

510

Игор Џамбазов и Илина Арсова, уметникот и сестраната спортистка, актерот, водител и пајач и планинарката… Љубовна идила на 2020-тата, македонската „ Love story“  на годината која барем за малку не оттргна од сивилото, песимизмот, изолацијата, апатијата и безнадежноста кои најгрдата година во новиот милениум досега, ни ги донесе.

Љубов на прв поглед или внимателно подготвувана романса, подгревана со години, за да се случи во вистинско време… Сеедно, важно навидум неспоивото, споено како со „супер лепак“ и беспрекорно функционира, како швајцарски часовник, како Голф двојка… Барем засега… А веројатно и отсега и дај Боже и за навека!

Дека работата станува сериозна, па од авантура полека се претвора во „љубовна бура“ која ги допира сите сетила и сериозно „се заканува“ по бурата на чувствата, да огрее сонце на вечноста, наговестуваат многу нешта. Кога си со некого 24/7 и заедно правите се’ живо редум, освен она што едниот не може за разлика од другиот, како качувањето по карпи за Игор или компонирањето песни за Илина, доаѓа време да се запрашате една раработа: Кога спротивностите веќе толку се привлекуваат, дали не е време заедништовото и да се озакони? Иако парчето хартија ништо не значи, сепак, можеби на некој начин повеќе обврзува? А првиот чекор кон таквиот чин е… да се запознаат родителите на вашата втора половина, посилна или понежна сеедно!

Токму затоа, по сите изминати месеци љубовна дружба со својата друшка, Игор Џамбазов реши да ја запознае Илина со татко му… Познатиот и признат, реномиран композитор и диригент, маестро Александар Џамбазов. Трилатералната средба, случајна или намерна, спонтана или „наместена“,  закажана или „апансас“… сеедно, се случила на Водно. На врвот кај крстот, нешто подолу кај жичарницата или во подножјето на едно од познатите ресторанско-мотелски прибежишта, кај еден од старите јатаци на Игор? – засега не е познато.

ност се знае, ама тоа си знаат само оние што на Водно се сретнаа. Она што е познато е само дека маестро Џамбазов – сениор, конечно ја запозна „снашката“.

Се знае ли сега „кој ќе пее по ноти“, а кому ќе му „планинарат по… живци“? – е всушност дилемата која најмногу ја мачи оваа нација, за дадената ситуација!