Бугарката Магдалена Бадер „Мис Плејмејт 2016“, ги негираше тврдењата на бугарскиот земјоделски бизнисмен Светослав Илчовски, оти таа била жената, која ја посетувала спалната соба на Бојко Борисов. Како што изјави Илчовски, сопственикот на фирмата „Градус“, Иван Ангелов, и платил на Магдалена Бадер за да го „опслужи премиерот“.
-Така! Официјално изјавувам дека не ги познавам г-дин Борисов и г-дин Ангелов. Никогаш во животот не сум ги сретнала и не сум имала контакт со тие луѓе! Го молам секој медиум, што ми го споменал името, да си ја провери информацијата! Со останатите ќе се видиме на суд, напиша на својот официјален профил на социјалните мрежи Бадер.
Во интервју за Агри.бг Илчовски ја повтори изјавата за парите, што Ангелов и ги дал на Магдалена Бадер.
-Го знам тоа, зашто бев таму, изјавил Илчовски.
Тој тврди дека зад бугарската „Мата Хари“ се крие токму името на Бадер. А, бугарската „Мата Хари“ беше името, кое се споменуваше во јавноста дека ги направила снимките од спалната соба на Бојко Борисов, на кои можеше да се видат снопови со илјадници евра и злато. Истрага никогаш не откри кој стои позади снимките, што го компромитираа Борисов, по што тој изјави дека повеќе „не сака жени“.