Магични намирници: Го забавуваат процесот на стареење и го враќаат блескавиот изглед на кожата

748

Со брзиот начин на живот, се бориме да останеме во форма и здраво да се храниме, но не секогаш нѝ успева.

Но, што доколку ви кажеме дека постојат некои магични намирници кои го забавуваат стареењето и го чуваат здравјето на организмот? Еве кои се тие:

Јогурт – одличен извор на протеини и калциум кои помагаат при градење на мускулна маса и ги зајакнува коските. Полн е со добри бактерии кои му помагаат на телото да ги исфрли токсините.

Боровинки – богати се со антоцијанини на кои им се припишува “anti-age” ефект. Боровинките го спречуваат долгорочното оштетување на клетките и помагаат во одржување на чистата и блескава кожа.

Домат – содржи моќен антиоксиданс наречен ликопен кој штити од кожни болести. Антиоксидансите се борат со слободните радикали кои можат драстично да влијаат на кожата, предизвикувајќи создавање на брчки.

Црна чоколада – зрната какао содржат голем број на антиоксиданси во однос на било која друга храна. Овие антиоксиданси помагаат во намалување на штетата коja ja предизвикуваат слободните радикали.

Авокадо – витамините во природното масло од авокадо помагаaт во потхранување на кожата. Тие исто така ги исфрлаат штетните токсини од телото и делуваат како природен третман против акни.

Зелен чај – богат со витамин Ц, зелениот чај содржи моќни полифеноли кои ја штитат кожата од сончевите зраци и им овозможуваат на клетките побрзо да се регенерираат.

Куркума – куркуминот помага во борба против стареењето на зглобовите, мозокот и кај другите невродегенеративни состојби, вели студијата која исто така докажува дека овој зачин има својства против стареењето.

Црвено вино – антиоксидансите и хранливите материи можат да ги спречат болестите на срцето, штитејќи ги артериите и крвните садови, доколку се консумира умерено. Содржи и ресвератрол кој се смета за најдобра материја против стареењето.

Брокула – зеленчук полн со витамин Ц, бета-каротен и селен кои докажано го забавуваат процесот на стареење.

Маслиново масло – богато е со незаситени масти и омега-3 масни киселини кои се добри за срцето. Исто така содржи полифеноли кои помагаат во одржување на мазната кожа.