Махери за трансфери: Работнички го доби милионот за Станковски!?

521

Работнички е махер за трансфери. Дебармаалци секоја година продаваат по еден „бисер“ и го лансираат во европскиот фудбал. Последен пример за тоа е младиот Лука Станковски, кој се пресели во Италија каде ќе го носи дресот на Монца.

Играчот од средниот ред кој е роден 2002 година ќе игра за тимот на Адриано Галијани и Силвио Берлускони, двајцата некогашни оперативци во Милан. Македонецот доаѓа во Монца по препорака на хрватската легенда Звонимир Бобан.

Екипата од ПМФЛ го процени Станковски на еден милион евра и таа беше поставената цена од „романтичарите. Се интересираа Наполи и Фенербахче, се распрашуваше и Динамо Загреб, а на крајот Монца успеа да го грабне големиот талент.

Италијанските медиуми пишуваат дека Работнички ја добил посакуваната сума и Монца за Станковски одвоила еден милион евра.